Фудбалерот Жан-Пјер Адамс 39 години е во кома: го заспале за рутринска операција и никогаш не се разбудил

Поранешен репрезентативец на Франција и член на неколку француски клубови, Жан-Пјер Адамс, е во кома 39 години поради грешка на анестезиолог. Во 1982 година Адамс си го повредил коленото по што требало да оди на рутинска операција во болницата во Лион. Но, во текот на операцијата тој паднал во кома, во која се наоѓа речиси четири децении.

За време на операцијата фудбалерот бил лошо инхалиран, па едната цевка, наместо да ги вентилира белите дробови, таа го блокирала патот на кислородот. На Адамс му се случила состојба која се нарекува глад за кислород и поради тоа, срцето престанало да му работи.

Болницата никогаш не му се извинила на семејството. Оттаму се правдале дека имале премалку лекари и анестезиолози, па жената што работела како анестезиолог морало да работи со осум пациенти истовремено. Семејството, сепак, ја тужело жената и во 90-тите години таа била прогласена за виновна. Првин била казнета со едномесечна суспензија од работа, а подоцна е заменета со глоба од 750 евра.

Жан-Пјер Адамс денес има 73-години, а за него се грижи неговата сопруга Бернадет. Таа ја отфрла можноста да го усклучи од апаратите што го одржуваат во живот.

„Медицинската сестра ми вели дека веќе не е ист. Јас мислам дека тој повторно чувствува, дека го препознава мојот глас и знае кога сум до него. Што ако умрам пред него? Кој ќе се грижи за Жан-Пјер? Кој ќе го храни, облекува“, рекла Бернадет.

Адамс и Бернадет се во брак 52 години, а имаат и два сина, сега се постари од годините што ги имал фудбалерот кога паднал во кома.

https://twitter.com/FutbolBible/status/1375841417973661698?

Scroll to Top