Италијанскиот фудбалер Федерико Бернардерски се ожени 48 часа откако го освои европскиот пехар. Играчот на Јувентус се венчаше со својата девојка Вероника Чарди, која е девет години постара од него.
Тие направија фешта во италијанскиот град Карара во регионот Тоскана.
По Берарди и Бонучи, Бернардески беше третиот и последен прецизен играч на Италија од белата точка која ја совлада Англија на пенали со 3:2. Вероника е позната по учеството на Големиот брат, а потоа почна да работи и како водителка. Двајцата имаат двегодишна ќерка.