Пита Тауфатофуа (37), знаменосецот на Тонга, е избран за најсекси спортист на Олимпијадата во Токио. Тој ќе се натпреварува во таеквондо и ова е негова трета олимпијада.
На церемонијата на отворањето на Игрите, Пита се појави на стадионот со голо торзо, премачкано со масло. Тој носеше традиционално здолниште што го носат мажите во Тонга, а е дел од нивната древна култура. Со изгледот тој веднаш го привлече вниманието на јавноста од целиот свет.
„Голото тело премачкано со кокосово масло е дел од нашата култура и традиција. За само еден ден откако се појавив на отворањето на Олимпијадата, почнаа да ми пишуваат компании, да ме прашуваат кој е мојот менаџер, сакаат да ме ангажираат за реклами. Јас сум тука да се натпреварувам и, искрено, не знам ни што значат нивните понуди. Лудо е ова што ми се случува“, рекол Пита за „Њујорк тајмс“.
Познатиот спортист е амбасадор на УНИЦЕФ.