Германија ја победи Македонија и стана првата европска репрезентација која се квалификуваше на Светско во Катар

By
 Германија стана првата европска репрезентација која се квалификувала на Светското првенство во Катар во 2022, откако на Арената „Тоше Проески“ ја победи Македонија со 4:0.

Македонија сега само со теоретски шанси оди на Мундијал

 

Со оваа победа, тимот на Ханси Флик, го стави во втор план  поразот со1:2 од Македонија во првиот меч во Дуизбург, и со седум победи во осум меча осигураа билет на Мундијалот. Мечот исто така беше посебен за Тимо Вернер, кој даде два гола за четири минути за да се оправда за промашувањата во првиот меч.

Од стартот стана јасно дека Германците одат на победа во Скопје, со постојан притисок на нашиот гол, и само одличниот Столе Димитриевски успеа да спречи водство на гостите, како и Тимо Вернер, кој ја погоди гредата во финишот на полувремето.

Но, во вторите 45 минути, Германците ја покажа силата. Прво во 50. минута, на совршена контра, ја истрчаа нашата одбрана и Каи Хаверц им донесе водство. Потоа на сцена стапи напаѓачот на Челси, Тимо Вернер, кој во 70. минута постигна  гол, за само четири минути подоцна да зголеми на 0:3. Џамал Мусијала, новата надеж на германскиот фудбал во 83. минута го претвори убедливиот триумф во вистинска катастрофа за тимот на Благоја Милевски.

 

Ќе ви се допадне