„Го избрав бројот 7 во чест на татко ми“, синот на Михаел Шумахер емотивно зборуваше за шампионот

21-годишниот син на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер, Мик, во едно од своите ретки интервјуа, меѓу останатото проговори и за состојбата на неговиот татко.

Мик, кој и самиот се занимава со истиот спорт како и неговиот татко, во 2021 година за првпат ќе седне во Формула 1. Тој ќе настапи под бројот 47, кој, како што вели, го одбрал поради неговиот татко и ги означува рекордниот број на титули кои тој ги остварил во овој спорт.

„Да, бројот дефинитивно е инспириран од мојот татко, а и јас го сакам тој број. Мислам дека сите во моето семејство го сакаат“, изјавил младиот возач.

 

Мик на обожавателите им откри дека се чувствува гордо што има можност да се занимава со истиот спорт како и неговиот татко, кој остварил неверојатен успех. Изјави и дека е среќен поради тоа што веќе го остварил еден од неговите сонови, а тоа е да стане Формула 1 возач.

Синот на славниот возач додаде и дека е по малку разочаран, поради тоа што мора да чека со возењето до следната година, но верува дека проблемите брзо ќе се решат.

Откако во 2013 година Михаел Шуахер доживеа несреќа на скијање во француските Алпи, неговата здравствена состојба се крие од страна на неговото семејство.

Во јавноста се раширија некои информации за него, но семејството на возачот одбива да дава изјави за медиумите.

„Го гледам Михаел често, еднаш или двапати месечно. Но, мојот одговор ќе биде секогаш ист. Тој се бори. За него се грижат многу луѓе и тој се наоѓа на удобно место. Можеме само да му посакаме на него и на семејството само поубави работи во животот“, коментираше неодамна 74-годишниот пријател на легендарниот возач и поранешен шеф на „Ферари“, Жан Тод.

Scroll to Top