Го почувствувавав пулсот на Кристијан, а потоа почнавме да го губимe: Лекарот на данската репрезентација за драматичното спасување

Не видов кога падна. Само ни рекоа дека нешто се случува, да истрчаме брзо на теренот и да помогнеме. Кога се приближив, го видов Кристијан Ериксен како лежи на тревата, без свест. Едвај дишеше.Прво го почувствував неговиот пулс, а потоа сликата се смени.Потоа почнавме да го губимe“ Вака лекарот на данската репрезентација, Мортен Бусен, го опиша драматичното спасување на животот на Кристијан Ериксен, кој се сруши на теренот, вчера во 41. минута од натпреварот против Финска на стадионот „Паркен“ во Копенхаген на ЕУРО 2020.

„ Тој имаше пулс на почетокот, а потоа сликата почна да се менува на полошо.Почнавме реанимација. Имаше лекар и од стадионот, целиот тим, работевме заедно. На крај успеавме да го вратиме  во живот и тоа  беше одлична тимска работа“, додаде тој.

Бусен успеал да стапи во контакт со Ериксен, веднаш штом се освестил.

„Разговаравме кратко, видов дека е подобар. После тоа, го одведовме во болница, каде што целосно се врати на себе“, ја опиша Бусен драмата во Копенхаген.

Scroll to Top