Ѓоковиќ е најдолго на врвот на АТП-листата

By

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја почна 311. недела на врвот на АТП-листата и го сруши рекордот на Роџе Федерер од 310 недели. Ѓоковиќ првпат ја зазема позицијата број 1 на АТП-листата на 4. јули 2011 година, кратко пред освоениот прв трофеј на Вимбелдон.

Неговиот рекорд можеше да биде уште подобар, ако минатата година АТП-листата не беше замрзната на пет месеци поради коронавирусот.

Веднаш зад Ѓоковиќ и Федерер се наоѓа Американецот Пит Сампрас (286 недели), па Иван Лендли (270), Џими Конорс (268), Рафаел Надал (209), Џон Мекинро (170), Бјрн Борг (109), Андре Агаси (101). Ѓоковиќ одлично ја почна годината со освоената деветта рекордна титула на Австралија опен. Тој сега вкупно има 18 грен-слем трофеи.

Вкупно шестпати ја завршуваше годината како најдобар тенисер на АТП-листата. Тој и тука го држи рекордот, заедно со Пит Сампрас.

Ќе ви се допадне

ANIMEFLIX animeflix inuyasha: One Piece (https://animeflix.nl/m/9EN) Episode 969

GoGoAnime boku no hero academia gogoanime: Watch Attack on Titan Season 3 Part 2 (Dub) Episode 3