Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, на турнирот во Париз сруши уште еден рекорд кој го држеше Швајцарецот Рожер Федерер. Со победата над Унгарецот Мартон Фучовиќ, тој стигна до 418. победа во кариерата, една повеќе од Федерер.
На оваа листа потоа следат Џими Конорс со 390 победи, Иван Лендл застана на 366, Пит Сампрас 322, а Рафаел Надал има „само“ 250.
Ѓоковиќ има можност да го подобри рекордот во третото коло во Париз, во кое ќе игра против победникот од францускиот дуел меѓу Гаел Монфис и Адриан Манарино.
Ѓоковиќ го држи рекордот и по бројот на недели на АТП врвот и сега се наоѓа во 345. недела, далеку пред Федерер со 35 повеќе.