Горан Пандев ќе ја заврши кариерата во Парма, каде што ќе игра со Буфон

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев и официјално кариерата ќе ја заврши во италијанскиот клуб Парма. Екипата од „Енио Тардини“, потврди дека Пандев ќе игра за нив во наредните шест месеци. Парма се натпреварува во Серија Б во Италија.

Досега Пандев има игра за шест италијанки клубови. Тој ги носеше дресовите на Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи, а пред крајот замина за Турција каде играше за Галатасарај. Повторно се врати во Италија во тимот на Џенова.

Пандев нема да биде во можност да ѝ помогне на Џенова во битката за опстанок. Тој сега ќе игра заедно со легендарниот Џанлуиџи Буфон и ќе се обиде да ѝ помогне на Парма да се врати во елитата.

 

 

Scroll to Top