Гризман третпат стана татко, сите деца му се родени на ист ден

Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман (30), третпат стана татко. Неговата сопруга Ерика ja роди ќерката Алба, која, исто како и другите две деца на фудбалерт, е родена на 8 април.

Првото дете на Гризман, ќерката Миа, е родена на 8 април 2016 година, а синот Амаро на 8 април 2019 година.

Веста за раѓањето на ќерката популарниот француски репрезентативец ја соопшти и на „Твитер“.

 

Scroll to Top