Хамилтон ја освои 100. пол-позиција во кариерата

Луис Хамилтон ја освои јубилејната 100. пол-позиција во кариерата. Тој е првиот формула 1 возач што освоил 100 пол-позиции. Британецот зад себе ги остави Михаел Шумахер (68) и Аиртон Сена (65).

На патеката во Каталуња, во првиот круг од последната квалификациска сесија, Хамилтон го постави најдоброто време 1:16.741 минути. Неговиот конкурент, Макс Верстапен, трката ќе ја започне веднаш до него. Времето на Холанѓанецот беше за 36 илјадити делови од секундата послабо од резултатот на Британецот.

Блиску до водечките беше и Валтери Ботас, тој задоцни за 132 илјадити делови од секундата. Во вториот ред место избори Шарл Леклер од Ферари.

Изненадувањето го направи Естабан Окон, кој со својот Алпин избори пласман на петтото место. Во Топ 10 се пласираа Карлос Саинц, Даниел Рикардо, Серхио Перез, Ландо Норис и Фернандо Алонсо.

Scroll to Top