Поранешниот тренер на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик, потврдил дека наскоро ќе ја го потпише договорот со Фудбалскиот сојуз на Германија и ќе стане селектор на репрезентацијата по завршувањето на ЕУРО 2020.
Флик, направи фудбалска револуција со Баерн, а за 18 месеци со Баварците два пати ја освои Бундес лигата и лани стана европски првак.
Тој потврдил дека на почетокот на овој месец постигнал устен договор со челниците на националниот Сојуз и се обврзал дека ќе го наследи Јоаким Лев на функцијата.
„Да разговарав со Сојузот. Сите знаат што чувствувам кон националниот тим. Треба да средиме уште неколку ситини детали пред договорот да стане официјален“, рекол Флик.
Флик, во 2014 година, му беше помошник на Лев, кога Германија во Бразил стана светски првак.