Хулк по четврти пат ќе стане татко, овој пат со внуката на бившата жена

Бразилскиот напаѓач на Атлетико Минеиро, Живанилдо Виеира де Соуза, попознат како Хулк, по четврти пат ќе стане татко, овој пат со Камила Анжело, новата сопруга, која  е внука на неговата поранешна сопруга.

Камила (31) е внука на поранешната сопруга на Хулк, Ира Анжело де Соуза (33) со која поранешниот фудбалер на Порто беше оженет од 2007 до 2019 година и со која има три деца, пред Хулк да почне врска со внуката неколку месеци по нивната разделба.

35-годишниот Хулк блескаше во Европа со Порто и Зенит Санкт Петерсбург, пред да замине во Кина, каде што играше за Шангај СИПГ, за неодамна да се врати во татковината.

Scroll to Top