Голманот на Шкупи Игор Алексовски беше успешно опериран. Тој имаше скинати лигаменти и поради тоа не беше во тимот на подготовките во Охрид. Сега го чека долг процес на рехабилитација. И покрај неможноста да игра, челниците на Шкупи му го продолжија договорот.
„Се чувствувам добро. Им благодарам на сите за поддршката. Со оглед на тоа дека договорот ми истекуваше насоро, Шкупи се покажа како голем клуб и ми го продолжи за уште една сезона. Благодарен сум им за тоа. Сакам што побрзо да се вратам на теренот“, изјавил Алексовски.
Според информациите Алексовски ќе се врати на терените после шест до седум месеци.