Игор Ангеловски со најмала плата од сите селектори на Евро 2020

Игор Ангеловски, селекторот што успеа да ја однесе Македонија на едно големо натпреварување, имал најмала годишна плата од колегите што ги предводеа своите репрезентации на Евро 2020.

Чешкиот медиум „Испорт блеск“ ги објави платите на селекторите. Ангеловски работел за 191.000 евра.

Најплатен од сите е Јоаким Лев со 10,1 милиони евра, а зад него е Дидие Дешан.

Игор Ангеловски на 1 август и официјално ќе ја напушти клупата на Македонија. На неговата позиција доаѓа Благоја Милевски.

Scroll to Top