Интер ќе го плаќа Ериксен без разлика што не може да игра

Управата на италијанскиот шампион Интер, одлучи да го плаќа фудбалерот Кристијан Ериксен и во иднина, без разлика што тој нема да тренира и да настапува за нив.

Ериксен пред некој ден излезе од болница, откако претходно колабрираше на првиот натпревар на Европското против Финска. Иако лекарите успеаа да му го спасат животот, Данецот нема веќе никогаш да заигра фудбал.

Фановите го поздравија овој потег на управата на Интер и до клубот стигнаа голем број пораки за поддршка.

 

 

Scroll to Top