Поранешниот фудбалер на Виљареал, Франко Акоста исчезнал во Уругвај, пренесуваат тамошните медиуми. Последен пат бил виден со неговиот брат, кога се обидувале да преминат преку една река, а потоа исчезнал.
Полицијата вели дека мали се шансите Акоста да биде пронајден жив.
Акоста беше голема фудбалска надеж за Уругвај. Фудбалските експерти велат дека тој не успеал да го искористи целиот негов потенцијал, а досега настапуваше за второлигашот Атенас.