Иван Тричковски избран за најдобар стрелец на Кипар

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски на манифестацијата „Фестивал на најдобрите“ ја доби златната копачка за најдобар стрелец во Кипар. Манифестацијата се одржа по 48. пат, во организација на Кипарската спортска асоцијација. Тричковски, кој игра за АЕК Ларнака, се најде и во тимот на најдобрите 11 фудбалери за минатата сезона на Кипар.

Scroll to Top