Ивана Шпановиќ поради повреда нема да настапи на Европското првенство

By

Најдобрата српска атлетичарка, Ивана Шпановиќ, поради повреда ќе го пропушти Европското првенсто кое ќе се одржи во Торино наредната недела од 5 до 7 март, пишуваат медиумите во Србија. Таа нема да може да атакува на четвртата титула во скок во далечина

За потсетување, Ивана поради повреда претходно паузираше 16 месеци. Се врати во јануари и успеа да стигне до подиумот во Диселдорф, а имаше одличен настап и на Балканскиот шампионат, а славеше и на белградскиот митинг.

Овие натпреварувања требаше да и бидат загревање за ЕП, но Шпановиќ на еден од последните тренинзи заработила незгодна повреда поради која нема да може да патува на Апенинскиот полуостров.

 

 

Ќе ви се допадне