Ја освои Европа двапати, Жоржињо е избран за најдобар фудбалер на УЕФА, а Тухел за најдобар тренер

Фудбалерот на Челси Жоржињо е избран за најдобриот фудбалер во сезоната 2020/2021. Тој со сините ја освои Лигата нашампиони, а блесна и на Европското каде со Италија го освои пехарот.

Во изборот во кој учествуваа селектори и медиумите, тој се најде пред неговиот соиграч Н’Голо Канте, како и ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Брујне.

Голман на сезоната во Лигата на шампионите е чуварот на мрежата на Челси, Едуар Менди, додека за најдобар одбранбен играч е избран Португалецот Рубен Дијаш од Манчестер сити. Н’Голо Канте беше прогласен за најдобар играч од средниот ред, додека за најдобар напаѓач беше прогласен неверојатниот Норвежанец Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд со 10 гола во 8 меча.

Доминацијата на европските шампиони Челси во изборот на УЕФА беше прогласувањето на Томас Тухел за најдобар тренер на сезоната 2020/21, откако од јануари успеа да го препороди лондонскиот клуб и да ги донесе до титулата од Лигата на шампионите.

Беа доделени награди и кај жените. Капитенот на Барселона, Алексија Путелас, беше избрана за најдобра фудбалерка, исто како и нејзиниот тренер Луис Кортес.

Scroll to Top