Јапонката Момиџи Нишија на 13 години влезе во историјата на Олимписките игри откако стана првата шампионка во скејтбординг. Ова е првпат скејтбордингот да се воведе како дисциплина на една олимпијада.
Нишија го освои златото во дисциплината стрит, среброто ѝ припадна на нејзината бразилската натпреварувачка Рајса Леал, а трета беше 16-годишната Фуна Накајама од Јапонија.
Нишија, сепак, не го собори рекордот за најмлада олимписка шампионка. Овој рекорд сè уште го држи Марџори Гестринг од Америка, која имала 13 години и 267 дена кога освоила злато во скокови во вода на Олимписките игри во Берлин 1936 година. Таа била 63 дена помлада од Нишија на денот на освојувањето на медалот.
Сепак, има уште две натпреварувачки во скејтање што ќе може да го урнат рекордот на Гестринг: Скај Браун ќе настапи на 4 август кога ќе има 13 години и 28 дена, а Кокона Хираки ќе има 12 години и 343 дена кога ќе се натпреварува на Олимпијадата и ќе се бори за злато.