Јован Стојоски постави нов државен рекорд на 300 метри

Атлетичарот Јован Стојоски постави нов национален рекорд на 300 метри, откако денеска го подобри стариот рекорд за скоро две секунди. Стојкоски истрча 300 метри за 33,83 секунди, а со тоа и подобри сопствениот рекорд на оваа патека.

Тој е и државен рекордер на 200 метри, а времето од 21,32 секунди го постави во јуни 2019 во Сараево.

Вчера Стојоски потпиша договор за стипендија со Македонскиот Олимписки Комитет и стана стипендист на програмата „Токио 2020“.

Scroll to Top