Јувентус и Милан вечерва без првите голгетери

Вечерва во Торино се игра големото дерби меѓу Јувентус и Милан. Двете екипи ќе го одиграат реваншот и ќе се борат во финалето за Купот на Италија.

„Старата дама“ на домашен терен, ќе се обиде да го зачува добриот резултат од 1:1 кој го направи на гости во „Сан Сиро“. На црно-белите им одговара и дуел без голови, за големото финале.

Двете екипи повторно ќе заиграат по паузата направена од Ковид-19. Во составот на Јувентус ќе го нема првиот напаѓач Игуаин и Демирал, додека кај Милан ќе отсуствуваат Ибахримовиќ и Дуарте.

Неизвесен е настапот и на Тео Хернандес и на Мусакио. Милан нема победа над Јувентус од октомври 2016 година, додека „Старата Дама“ беше во серија од девет победи во низа до ремито на „Сан Сиро“ во февруари оваа година.

Во второто полуфинале од Купот на Италија, утре Наполи и Елиф Елмас го пречекуваат Интер и бранат предност од 1:0.

Scroll to Top