Јувентус не се плаши дека ќе биде исфрлен од Лига шампиони

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло изјавил дека во тимот владее позитивна атмосфера и покрај тоа што клубот би можел да се соочи со казна од неиграње во Лига на шампиони. Ваквата казна италијанскиот клуб би можел да ја заработи поради планираното влегување во новата Суперлига.

Италијанскиот клуб беше еден од 12 клуба кој се приклучи во новоформираната Суперлига, која се распадна по само три дена, откако осум од истите се повлекоа по притисокот на јавноста.

Претседателот на Јувентус Андреа Ањели, кој беше еден од оние кои беа зад целиот овој проект, се соочи со повици за оставка од клубот, но и покрај сите овие работи, Пирло инсистира дека расположението во тимот е добро.

„Ањели е мирен и нормално е дека многу се зборуваше за него периодов. Тој носи голем ентузијазам секој ден кога ќе дојде на теренот и ние сме сите опуштени“, изјавил Пирло на прес-конференцијата.
„Не се плашиме од тоа, ние сме смирени и фокусирани на она што мораме да го направиме. Ние сме смирени околу тоа што УЕФА би можела да одлучи во врска со нас“, дополнил Пирло.
Потребното четврто место во италијанското првенство, кое води во Лигата на шампиони, не е загарантирано за Јувентус. Пирло смета дека им претстои тешка задача, но, дека сите се фокусирани и единствена цел им е пласманот во ЛШ.

 

 

Scroll to Top