Италијанскиот најтрофеен клуб Јувентус, потпиша договор со еден од најдобрите италијански фудбалери кои се покажаа на изминатото Европско првенство, играчот на Сасуоло, Мануел Локатели.
Челниците на „Старата дама“ постигнаа договор со кој ќе го добијат Локатели на позајмица. Тие ќе мора да платат пет милиони евра, но во договорот стои и задолжителен откуп за наредното лето за дополнителни 30 милиони евра.
Јуве го посакуваше Локатели многу пред неговиот блескав настап на Европското првенство каде ѝ помогна на Италија да стане континентален шампион. Имаше одлична сезона во црно-зелениот дрес, тим со кој заврши на осмото место во Серија А.
Тој беше поврзуван и со трансфер во Арсенал, но на крајот наместо Лондон се реши да се пресели во Торино. 23-годишниот Локатели е производ на младинската школа на Милан од каде во 2018 дојде во Сасуоло. За репрезентацијата почна да игра од септември лани.