Македонскиот тенисер, Калин Ивановски, се пласираше во осминафиналето на јуниорскиот Винблдон. Тој го победи Литванецот Едас Бутвилас со 2:0, по сетови 7:6 и 7:6.
Ивановски во осминафиналето ќе игра со победникот од натпреварот меѓу Жоао Виктор и Џак Џоунс.
Македонскиот тенисер во првото коло го совлада десетиот носител, Американецот Дели Бланш, со 7:5, 7:6.