Капитенот на „Манчестер Јунајтед“ заврши во затвор на Миконос

Капитенот на „Манчестер Јунајтед“, Хари Мегвајер, заврши во затвор на Миконос откако почнал тепачка, а против него е покрената судска постапка, пишуваат британските медиуми. Тој е денес пуштен на слобода и може да се врати во Англија.

Два дена по тепачката, таблоидот „Сан“ откри дека Мегвајер се степал со неколку Англичани, навивачи на друг клуб, оти тие почнале да ја навредуваат неговата сестра Дејзи. Во расправата, еден од нив ѝ ја пресекол раката со остар предмет, па капитенот на „Манчестер“ се степал за да ја одбрани. Од ноќниот клуб ја пријавиле тепачката, а полицајците набрзо ја смириле ситуацијата. Сепак, Мегвајер го продолжил конфликтот и со полицајците и затоа бил однесен во станица и ставен во притвор.

По апсењето на фудбалерот, навивачите на „Манчестер“ револтирано пишуваат дека тој е срам за клубот и дека не треба да биде капитен во иднина.

Scroll to Top