Карло Анчелоти е новиот тренер на Реал Мадрид

Италијанецот Карло Анчелоти е нов тренер на Реал Мадрид, објавија од „кралскиот клуб“. Тој ќе го замени Зиденин Зидан, кој си замина по неуспешната сезона. Анчелоти потпишал тригодишен договор, а во јавноста ќе биде промовиран утре на прес-конференција.

Анчелоти пристигна од премиерлигашот Евертон, тим кој го водеше од 2019 година. Тој заврши на десеттата позиција во англиското првенство. Претходно Анчелоти го водеше Реал Мадрид во периодот од 2013 до 2015 година.

Тој ги освои Лига шампиони, Копа дел Реј, Суперкупот на Уефа и Светскиот клупски куп на ФИФА. Италијанецот со Реал не успеа да стане шампион на Шпанија. Одигра 199 натпревари за Реал Мадрид и оствари 89 победи и 16 порази.

Во својата кариера ги водеше Реџана, Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн и Наполи. Анчелоти во својата кариера има седум европски трофеи и важи за еден од најголемите тренери на сите времиња.

 

Scroll to Top