Ќе се жени ракометарот на „Вардар“, Ловро Јотиќ, девојката првин го одби, па сега ја прифати понудата за брак

Хрватскиот интернационалец и играч на „Вардар“, Ловро Јотиќ, не се најде на скратениот список на Лино Червар за Светското првенство. Но, тој секако има причина за славење. Плејмејкерот на „Вардар“ ја побара за жена својата девојка Јелена Љубичиќ, со која е во врска повеќе години.

Тој и на социјалните мрежи објави фотографија и се пошегува дека првата понуда во 2018 година Јелена не ја прифатила, но две години подоцна, конечно решила да му биде жена. Јотиќ во Македонија дојде во 2019 година и одигра една сезона во „Еурофарм Пелистер“, а по неуспешниот обид за трансфер во „Бенфика“, реши да ја продолжи кариерата во „Вардар“.

Scroll to Top