Кевин Де Брујн играл со скинати лигаменти против Италија

Кевин де Брујн откри дека играл со скинати лигаменти натпреварот од четврт-финалето на Европското првенство меѓу Белгија и Италија.

„Чудо е што можев да играм денеска, бидејќи имам оштетување на мојот зглоб. Моите лигаменти се скинати. Но чувствував одговорност да играм за мојата земја. Жалам што не можев да направам нешто повеќе за да победиме“, рече ѕведата на Манчестер Сити.

За потсетување, Италија даде два гола во првото полувреме, а пред самиот крај на полувремето, Лукаку од пенал го намали резултатот. Натпреварот заврши со резултат 2:1, и Италија ќе игра во полуфиналето на ЕП.

Scroll to Top