Кире најави за последен пат игра со репрезентацијата, Македонија загуби од Белорусија и си заминува од Мундијалот

By

Македонија со пораз од Белорусија го заврши учеството на СП во Египет. Ракометарите загубија 30:26, откако на полувреме резултатот беше нерешен, 14:14.

Кире Лазаров кој најави дека последен пат игра за репрезентацијата на Македонија, го заврши натпреварот со седум голоби и беше прогласен за најдобар ракометар на натпреварот.

По четири гола дадоа Жарко Пешевски и Филип Кузмановски. Кај Белорусија, најдобар беше Владислав Кулеш со седум гола.

Лазаров минатата година во интервју за „Вечерњи лист“ најави дека ќе замине во пензија.

„Имам договор на уште една година и мислам дека тоа ќе биде крајот, нема повеќе смисла. Ќе останам во спортот како тренер“, изјави Лазаров кој потврди дека до крај ќе биде на располагање за нашата репрезентација.

„Кога веќе играм за Нант ќе играм и за македонската репрезентација“, посочи тој.

Македонија на Светското првенство играше како замена за Чешка, која се повлече од турнирот поради коронавирусот.

 

 

 

Ќе ви се допадне

My Hero Academia 2 Episode 25 at website https://funimationfree.com funimation funko pop

The King's Avatar 2 (https://animefreak.ws/m/w7q6) Episode 12 at website https://animefreak.ws boku no hero academia animefreak