Колумбиец сака да игра за Македонија

Поранешниот фудбалер на Работнички, Себастијан Херера, сака да игра за репрезентацијата на Македонија. 26-годишниот играч во моментов настапува за МТК БУдимпешта, каде што е и фубалерот Бојан Миоски. Херера вели дека сака и ја очекува поканата од селекторт Игор Ангеловски за настап на Мундијалот во март.

„Не сакам да зборувам предвреме, но мислам дека ќе играм за Македонија во март. Се надевам дека ќе се случи тоа. Би одел пеш до Скопје, ако добијам таква шанса“, вели Херера.

Ангеловски добро го познава Херера. Тој го донесе во Македонија пред шест години.

Наредниот месец Македонија ќе игра три меча во квалификацискиот циклус за Светското првенство. Прво ќе и гостуваме на Романија, потоа го пречекуваме Лихтенштајн, а на крајот ќе патуваме кај фаворитот Германија.

Scroll to Top