Кошаркарките на Србија станаа европски шампионки

Женската кошаркарска репрезентација на Србија стана шампион на Европа. По победата во Валенсија, против Франција 63:54, тие по втор пат го кренаа пехарот, по 2015 година.

Франција го изгуби второто по ред финале. Најдобра во составот на Србија беше Ивон Андресон со 18 поени, Јелена Брукс постигна 15, кај Франција најефикасна беше Вукосављевиќ со 15 поени.

Ова е трет медал за Србија на последните четири европски првенства, по првото злато во 2015 година, освоија бронза во 2019, а сега повторно станаа шампионки, сето тоа под водство на селекторката Марина Маљковиќ.

 

 

Scroll to Top