Кристијан Дисингер по три години го напушта Вардар

Германскиот ракометар Кристијан Дисингер по три сезони си заминува од Вардар. Веста ја пренесоа германските медиуми. Тие велат дека ракометарот потврдил дека нема да го продолжи договорот со поранешниот европски шампион и дека веќе бара нов тим.

Дисингер дојде како големо засилување во Вардар пред три години, но во изминатиот период имаше неколку повреди, па не успеа да се истакне во тимот. Поради повредите тој често и не е дел од германската репрезентација.

Дисингер рекол дека пред да си замине сака да освои уште барем еден трофеј со Вардар. Екипата има можност да ја освои титулата во домашното првенство, а ќе игра и во завршницата на СЕХА-лигата.

За потсетување, Дигингер е во врска со Марија Андоновска, сестра-близначка на Душица, која е свршеница на Игор Карачиќ. Пред една година тој сакаше да си замине во клубот, но тогаш го продолжи договорот, а според многумина, причината за тоа беше неговата девојка.

 

Scroll to Top