Кристијано Роналдо е најдобар стрелец во историјата на фудбалот

Португалецот Кристијано Роналдо стана најдобриот стрелец во историјата на фудбалот. По синоќешните два погодоци за Јувентус, против Интер, во Купот на Италија, Роналдо дојде до бројката од 763 голови на официјални натпревари.

Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо, со двата гола што ги постигна против Интер, го доближи Јувентус до финалето во Купот на Италија, а своето име го запиша во историјата на фудбалот.

На вечната листа, Португалецот, го престигна Чехот Јосеф Бикан, кој во кариерата постигнал 762 гола, а според официјалната статистика, 762 гола во кариерата постигнал и Пеле.

За потсетување, Роналдо досега има играно и во тимовите на Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, и репрезентацијата на Португалија. Најмногу голови во кариерата, 451, Роналдо постигнал за Реал Мадрид.

 

Scroll to Top