Лазаров, Манасков и Митревски во трка за Ол Стар тимот во Лига на шампиони

Кире Лазаров од Нант, Дејан Манасков од Веспрем и Никола Митревски од тимот на Порто, се во конкуренција да влезат во Ол Стар тимот во Лига на шампиони.

Европската ракометна федерација го отвори гласањето за оваа сезона и во поширокиот избор, на секоја позиција има номинирано по шест ракометари, а може да се гласа за еден.

Конкуренти на Лазаров му се Душебаев од Келце, Рајнкинд од Кил, Ремили од ПСЖ, Мем од Барселона и Јахија од Веспрем.

Конкуренти на Митревски му се Ландин од Кил, Нилсен од Нант, Мелер од Барселона, Буриќ од Фленсбург и Цупара од Веспрем.

Конкуренти на Манасков му се Ландин од Кил, Ване од Флеснбург, Ривера од Нант, Дибиров од Вардар и Бартолд од Алборг.

Номинации има и за двете крила на Вардар, Тимур Дибиров и Иван Чупиќ. Фановите може да гласаат до 10 јуни, а Ол-Стар тимот ќе биде објавен за време на фајнал фор, во Келн на 12 и 13 јуни.

Scroll to Top