Првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, неделава официјално потпиша партнерство со PepsiCo.
Кошаркарот, кој важи за еден од најдобрите во историјата на НБА, изминатите 18 години беше заштитно лице на ривалскиот бренд Coca-Cola.
Договорот заврши лани во септември кога страните не успеале да се договорат за продолжување на соработката.
Џејмс активно ќе ја промовира новата линија на пијалакот MTN DEW RISE. Брендот е еден од главните спонзори на НБА откако PepsiCo стана партнер на лигата во 2015 година.
Леброн ќе рекламира и други производи на PepsiCo.
News: LeBron James has officially signed a deal with Pepsi that sees him leave Coke after 18 years.
James will be the face of the soda giant’s new MTN DEW RISE energy drink. pic.twitter.com/xAmYbgredl
— Front Office Sports (@FOS) March 17, 2021