Македонската тенисерка Лина Ѓорчевска беше поразена од чешката тенисерка Ана Шишкова со 2:0 и го заврши својот настап во четвртфиналето на турнирот кој се одржува во Врњачка бања.
Чехињата го доби првиот сет со 6-3, а потоа беше поубедлива во вториот кој и припадна со 6-1 и се пласираше во полуфиналето од турнирот кој се одржува во Врњачка бања.
За Ѓорчевска останува уште најмалку еден натпревар на овој турнир каде заедно со украинката Валерија Страхова ќе се сретне во полуфиналето во дабл-конкуренцијата против венецуелката Андреа Гамис и бразилката Каролина Алвеш.