Мајк Тајсон ги повика Британците да ја легализираат марихуаната оти така ќе се намали бројот на самоубиства

Легендарниот боксер, Мајк Тајсон ги повика Британците да ја легализираат марихуаната, затоа што на тој начин ќе се намалеле самоубиствата во земјата. Тој веќе неколку години се занимава со одгледување и продавање на марихуана во Калифорнија.

Поранешниот боксер смета дека марихуаната помага во зачувување на менталното здравје.

„Кога марихуаната би била легална во Велика Британија, не би морале да се грижите за сите лекови на рецепти кои ги излудуваат луѓето и доведуваат до самоубиства. Таквите работи можат веднаш да престанат. Дефинитивно стапката на самоубиства би се намалила доколку луѓето од Англија добијат шанса да го земаат тој чудесен лек”, рече Тајсон.

Со одгледување на марихуана почнал да се занимава во 2018 година. Изградил ранч од 16 хектари за одгледување на медицинска марихуана и месечно заработува повеќе од 500.000 долари. Вели дека има и трошоци затоа што секој ден пушел марихуана.

Во 2019 година признал дека со својот партнер Бритон трошеле по 40.000 долари за консумирање марихуана.

Scroll to Top