Мајк Тајсон заработува милиони долари од бизнисот со канабис

Поранешниот светски шампион Мајк Тајсон заработува милиони долари од бизнисот со канабис. Тој со овој бизнис се занимава веќе неколку години. а ја одгледува и продава во Калифорнија, место каде што марихуаната е легализирана. Со овој бизнис вели дека почнал во 2018 година.

Со неговата партнерка Ибен Бритон одвојуваат околу 40.000 долари месечно.Имаат изградено посебен ранч од 16 хектари каде што ја одгледуваат марихуаната за медицински потреби.

Тајсон вели дека и самиот тој секој ден пуши марихуана. Неодамна откри дека пушел канабис пред неговата ревијална борба против Рој Џонс на крајот на минатата година.

Задоволен од својата работа. Според Cheat Sheet поранешниот боксер заработува повеќе од 500.000 американски долари месечно. Челичниот Мајк, вели дека сега е успешен бизнисмен, иако во 2003 година прогласил банкрот. Во кариерата има заработено 584 милиони долари.

Scroll to Top