Мајкл Џордан ќе донира 10 милиони долари за две болници во Северна Каролина

Најголемата кошаркарска легенда Мајкл Џордан ќе донира 10 милиони долари за две клиники во неговиот роден град Вилмингтон, Северна Каролина. Тој објасни дека во овие моменти парите ги донира, затоа што цени дека сите имаат потреба од квалитетна медицинска помош.

„Горд сум што во партнерство со ‘Новант хелт’ ќе помогнеме мојот роден град да добие подобра медицинска помош. Сите треба да имаат достапност до квалитетна медицинска помош, без разлика каде живеат и дали имаат осигурување. Вилмингтон има посебно место во моето срце и убаво е чувството кога човек може да врати на заедницата која го поддржувала целиот живот“, вели Џордан.

Џордан не само што е израснат во Вилмингтон, туку таму одеше и на Универзитетот на Северна Каролина. Ова е вторпат тој да донира за клиники, откако во 2017 даде 7 милиони долари за изградба на две клиники во Шарлот. Покрај овие донации, минатата година, Џордан вети 100 милиони долари за подобрување на расната еднаквост и социјалната положба на Афроамериканците.

Scroll to Top