Македонија има европски шампион во карате, златен медал за Стојановиќ во Тампере

Златен медал освои македонскиот каратист Стефан Стојановиќ на вториот ден од Европското првенство во карате во финскиот Тампере за кадети, јуниори и У-21.

Стојановиќ во категоријата над 76 килограми (јуниори) се најде на првото место откако во финалето го совлада Италијанецот Матео Аванзини со 5:4.

Претходно во првото коло го победи францускиот натпреварувач Амир Зуауи со 4:0, во второто коло против Мартин Елиас од Чешка победи со 3:2.

Во третото коло го победи Летонецот Артјом Јермолаев со предност на прв освоен поен (сејшу) со 1:1, а во четвртото коло беше подобар од Полјакот Хубер Јароцки со 2:1.

Scroll to Top