Македонија ја победи Ерменија со резултат од 5:0

Македонската фудбалска репрезентација ја освои четвртата победа во квалификациите за СП во Катар во 2022, откако ја победи Ерменија во Ереван со резултат од 5:0, со што ќе ги задржиме шансите за бараж за квалификации на Мундијалот во Катар.

Уште во 22. минута, Ашковски со асистенција за Трајковски го даде првиот гол. Во 36. минута од мечот, Елиф Елмас имаше убаво проигрување со Барди, по што постигна гол од далечина, а до крајот на полувремето имавме уште неколку добри шанси.

Во второто полувреме, Ерменците се обидоа да се вратат во игра, но во 66. минута по една убава акција, Барди беше фаулиран во шестнасетникот и мајсторски го изведе пеналот. По што Милан Ристовски даде гол во 79. минута и на крај Барди го комплетираше хет-трикот во 90. минута со втор гол од пенал.

Шансите за второ место ќе ги бараме во недела против Исланд во последното коло.

Scroll to Top