Македонија падна десет места на ранг-листата на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија падна за десет места на најновата ранг-листа на ФИФА и сега се наоѓа на 72. место. Прва и понатаму е репрезентацијата на Белгија, а новиот европски шампион, Италија, е на петтото место, но и понатаму зад Англија, репрезентацијата што ја победи во финалето на ЕП.

Причина за падот на ФИФА-листата се трите порази на македонската репрезентација на првото учество на Европското првенство – од Австрија, Украина и од Холандија.

На ФИФА-листата, по Белгија, се Бразил, Франција, Англија, па Италија, Аргентина, Шпанија, Португалија, Мексико и САД.

Scroll to Top