Македонија падна за две места на ФИФА ранг-листата

Македонија падна за две места на ФИФА ранг листата. По трите нерешени натпреари во квалификациите за Светското првенство, фудбалерите на Благоја Милевски, сега се наоѓаат на 74 то место. Милевски досега одигра нерешено против Ерменија (0:0), Исланд (2:2) и Романија (0:0).

Во нашата група, Германија е најдобропласирана на ранг-листата и се наоѓа на 14 место, потоа следи Романија (42), Исланд (60), Ерменија (89) и Лихтенштајн (188).

Белгија е прва на оваа листа, пред Бразил. Трета е Англија која ја помина Франција. Меѓу најдобрите 10 репрезентации на светот се наоѓаат уште Италија, Аргентина, Португалија, Шпанија, Мексико и Данска.

Scroll to Top