Македонија подобра од Лихтенштајн на гости: Прва победа на селекторот Милевски во квалификациите за Светско

Репрезентацијата на Македонија го победи домаќинот Лихтенштајн со 4-0 во седмото коло од квалификациите за Светското првенство што ќе се игра догодина во Катар. Ова е прва победа на репрезентацијата откако Благоја Милевски е селектор.

Македонските фудбалери беа подобри во текот на целиот натпревар. Во првото полувреме не искористија неколку шанси. Беше поништен гол на Трајковски поради офсајд, а Чурлинов погоди статива пред Дарко Велковски да го даде првиот гол. На полувремето заминаа со резултат 1-0.

 

И во второто полувреме македонските фудбалери ба подобри од домаќинот, кој немаше ни една конкретна шанса. Вториот гол за Македонија го даде Џани Алиоски од пенал, а на 3-0 зголеми Бобан Николов. Крајниот резултат 4 -0го постигна Чурлинов.

Македонија во моментов со 12 бода е на второто место на табелата, зад Германија која има 18. Следниот натпревар фудбалерите на Благоја Милевски ќе го играат на 11 октомври во Скопје, против репрезентацијата на Германија.

Scroll to Top