Од Министерството за надворешни работи реагираа на потегот на УЕФА на нивната официјална страница да ги претстават претседателот на Фудбалската федерација на Македонија и генералниот секретар како Северномакедонци.
На претставувањето на членките на УЕФА на страницата за Македонија, претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски се запишани дека по националност се Северномакедонци.
Од Министерството за надворешни работи велат дека реагирале и дека ќе продолжат да водат сметка за точната употреба на името на државата, државјанството и етничката припадност на граѓаните на Македонија.
„Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети и други места, кои погрешно употребиле кој било од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА барајќи коректна употреба на овие термини, во согласност со Уставот и личната карта на земјата во Обединетите нации“, наведоа во соопштението до јавноста.