Македонија со најмали шанси велат експерите, ама Барди, Елмас и Пандев подготвени за чудо на Европско

Макдонските навивачи за првпат во историјата ќе имаат можност да ја гледаат Македонија како игра на едно Европско првенство во фудбал. Иако фудбалските експерти им даваат најмалку шанси за успех, „црвено-жолтите“ се надеваат на чудо на ова Европско првенство.

Според сајтот The Analyst најголеми шанси да го освои пехарот оваа година има финалистот од 20016, Франција. За „француските петли“, коефициентот е 20.5%. Веднаш зад нив се Белгијците со 15.7% шанси, а потоа следува селекцијата на Шпанија со 11.3%.

Ангелов, Пандев, Барди, Елмас и останатите во македонската репрезентација, сè со 0,02% шанси да го освојат турнирот.

Македонија е во групата Ц., а првиот натпревар ќе го игра во недела против Австрија на „Националната арена“ во Букурешт.

Во 2. коло на 17 јуни фудбалерите на Игор Ангеловски – Мрме, ќе играат против Украина на Шевченко, меч кој исто така ќе се игра во Букурешт, а во последното 3. коло на 21. јуни на „Јохан Кројф Арената“ во Амстердам, (стадионот на Ајакс), ќе се сретнат со Холандија.

На првенството ќе настапат 24 репрезентации, (шест групи со по четири репрезентации). Првенството ќе го отворат на 9. јуни, во петок, Турција и Италија, на стадионот Олимпико во Рим.

Титулата ќе ја брани Португалија со најдобриот во светот, Кристијано Роналдо. Во финалето во 2016. година тие ја победија Франција со 1:0. и тогаш прв пат го подигнаа пехарот. Блиску беа и во 2004. година, кога првенството се играше кај нив, но, во финалето беа победени од Грција.

Годинава финалето ќе се игра во Лондон. Со 90.000 места, обновениот стадион во Вембли ќе биде најголемата арена на Еуро 2021. Покрај три натпревари од групите и еден осминафинален натпревар, тука ќе се одиграат и полуфиналните мечеви.

Поради пандемијата со коронавирусот, ова ќе биде првпат во историјата, домаќини да се единаесет различни земји.

Досегашната игра, сплотениот дух кој владее меѓу репрезентативците ни дава за право да веруваме дека Македонија знае, може и умее да игра на едно Европско првенство.

 

 

 

Scroll to Top