Македонија во група со светскиот шампион Данска, Словенија и Црна Гора на ЕП 2022

Македонија на Европското ракометно првенство, кое ќе се игра в година, ќе биде во групата А заедно со светскиот шампион Данска и репрезентаците на Словенија и Црна Гора. Ждрепката се одржа денес во Будимпешта.

Македонија ќе ги игра натпреварите во унгарски Дебрецин. Ова е шести пат во низа за Македонија, која ќе се бори со најдобрите селекции на Стариот континент.

Европското првенство ќе се игра од 13 до 30 јануари.

Scroll to Top