Македонија за првпат доби свој рагби тим кој ќе ја претставува на Светското првенство

Во неделата за првпат Македонија доби свој национален рагби тим. Во неговото создавање помогнаа рагбисти од Австралија. Во тимот има големи ентузијасти и љубители на спортот.

Идејата била на неколкумина играчи од австралиското рагби. Шејн Фанаган е избран за главен тренер, а Пол Гален ќе биде неговиот помошник. Овој тим ќе биде првиот кој ќе ја претставува Македонија на светското првенство во Рагби.

Тренерите изјавија дека се воодушевени од ентузијазмот на македонскиот тим и дека со задоволство сакаат да ги тренираат новите момци и да ги подготват за светското првенство.

Овие познати спортски легенди го привлекоа вниманието на сите ударни австралиски медиуми кое допринесе за голема промоција на овој тим.

Scroll to Top